213/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 јануари 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на Решението на Усгавниот суд на Република Македонија У.бр.29/94 од 19 октомври 1994 година.
2. Комората на приватниот капитал на Македонија на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за преиспитување на Решението У.бр.29/94 од 19 октомври 1994 година, со кое судот ја запре постапката за оценување уставноста на членовите 1 и 2 од Законот за Стопанската комора на Макдонија (“Службен весник на СРМ” бр.38/90).
3. Уставниот суд на седницата утврди дека за поставените прашања веќе одлучувал и дека нема причини за поинскво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во сосгав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.213/94).