156/1993-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 декември 1994 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 195 став 2 и 3, член 196, член 197 став 2, во делот што гласи

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од ВМРО – Демократска партија за македонско националнои единство и по сопствена иницијатива, со решение У.бр.156/93 од 30 март 1994 година, поведе постапка за оценување уставноста на одредбите од законот означени во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.

4. На седницата Судот утврди дека со одредбите на член 195 став 2 и 3, член 196, член 197 став 2, во делот што се однесува на овластувањето на Врховниот суд на Република Македонија, од важни причини, да го продолжи притворот најмногу за уште три месеци, ако постапката се води за кривично дело за кое може да се изрече казна затвор на пет години или потешка казна и ставот 3 на овој член и член 199 од Законот за кривична постапка, кој согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, се применува како републички закон, му се дава овластување на органот за внатрешни работи да лишува од слобода лице за кое постои основанио сомнение дека извршило кривично дело повеќе од 24 часа и да нареди притвор пред подигнување на обвинение и се пропишува притворот да може да трае подолго од 90 дена.

Според ставот 1 на член 12 од Уставот на Република Македонија, слободата на човекот е неприкоснована. Согласно ставот 2 никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Според ставот 4 лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода, а според ставот 5 притворот може да трае, по одлука на суд, најдолго 90 дена од денот на притворувањето.

Од наведената уставна одредба произлегува дека прогласувајќи ја неприкосновеноста на слободата на човекот како негово основно право Уставот истовремено ги утврдува основите, условите и начинот на нејзиното ограничување.

Посебен вид на гаранција претставува ограничувањето на времетраењето на лишувањето од слобода на 24 часа, како и на притворот од 90 дена.

Со оглед на тоа што со оспорените одредби од законот лишувањето од слобода може да трае повеќе од 24 часа, а притворот повеќе од 90 дена од притворувањето и со оглед на тоа што притвор може да наредат и органите за внатрешни работи, Судот оцени дека не се во согласност со член 12 од Уставот.

5. Според член 210 од Законот, овластените службени лица на орган за внатрешни работи можат и без наредба да влезат во туѓ стан и други простории и по потреба да извршат претресување, ако држателот на станот гио сака тоа, ако некој вика за помош, ако во станот или друга просторија се наоѓа лице што по наредба од надлежниот државен орган треба да се притвори или присилно да се доведе или што тука се засолнило од гонењето, или ако е очигледно дека поинаку не би можело да се обезбедат докази.

Овластените службени лица на орган на внатрешни работи мо`ат без наредба за претресување и без прусуство на сведоци да извршат претресување на лица и при извршувањето на решението за приведување или лишување од слобода, ако постои сомневање дека тоа лице поседува оружје или орудие за напад или ако постои сомневање дека ќе ги отфрли, скрие или уништи предметите што треба од него да се одземат како доказ во кривичната постапка.

Кога овластените службени лица на орган за внатрешни работи ќе изршат претресување без наредба за претресување, тие се должни веднаш да му поднесат извештај на истражниот судија, а ако се уште не се води постапка – на надлежниот јавен обвинител.

Според член 26 од Уставот на Република Македонија се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливоста на домот може да биде ораничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.

Поаѓајќи од значењето на домот како услов за живеење и работа на човекот, неповредливоста на домот Уставот ја гарантира на начин што таа неповредливост може да биде ограничена само со одлука на суд и кога се во прашање откриање и спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.

Со оглед на тоа што со оспорениот член 210 од Законот е дадена можност за органот за внатрешни работи без судска одлука да ја наруши неповредливоста на домот, Судот оцени дека не е во согласност со член 26 од Уставот.

6. Според оспорениот член 214 од Законот, јавниот обвинител може да наредува задржување на пратки, без одлука на истражниот судија до 3 дена.

Со став 1 на член 17 од Уставот се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење, а според ставот 2 на оваа уставна одредба, само врз основа на одлука на судот може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење накривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Од наведената уставна одредба произлегува дека со Уставот децидно се определени случаите и условите за отстапување од уставната гаранција за слободата и тајноста на писмата. Со оглед на тоа што со оспорената законска одредба се предвидува можност, покрај судот и јавниот обвинител да нареди задржување на пратки што се упатени до обвинетиот или што тој ги упатува, Судот оцени дека оваа одредба не е во согласност со член 17 од Уставот.

7. Врз основа на изнесеноти, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.