181/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 ноември 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на Заклучокот за обезбедување на финансиски средства на улично осветлување на Општина Радовиш, донесена на 6 април 1992 година.

2. Собранието на Општина Радовиш поднесе иницијатива за повторно оценување на законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затао што Судот при одлучувањето не го имал предвид одговорот на доносителот на актот, односно Судот ја донел одлуката при што не го почитувал рокот од 30 дена даден во решението за поведување на постапка од денот на добивањето на решението.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорениот заклучок веќе еднаш го оценувал и со одлука У.бр.32/94 од 14 октомври 1994 година го укинал, а по повод на новата иницијатива, Судот согласно член 73 од Деловникот на Уставниот суд при одлучувањето ги имал во предвид сите околности наведени и во одговорот на доносителот што се од значење за оценување на уставноста и законитоста, поради што не најде основ за поинакво одлучување, при што Судот го имал предвид членот 112 од Уставот на Република Македонија според кој одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.