217/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 октомври 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката бр.02-670, донесена од Советот на Драмскиот театар во Скопје на 30 декември 1992 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива, од Министерството за култура на Република Македонија, за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со член 1 од Одлуката се предвидувало уметниците-изведувачи да имаат право на посебен авторско-изведувачки надомест во ситуација кога не бил определен обемот на нивните редовни работни задачи и што утврдувал надоместокот да имаат право да го остварат и уметничко-техничките реализтори, а не само артистите, потоа што со член 4 став 1 од Одлуката се определувало надоместокот да се плаќа и за прикажување на редовни претставки, а не само за изведување вонредни претстави, и што Одлуката била донеена од Советот на Театарот, а не со референдум, поради што не била во согласност со закон.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека со неа не се бара оценување уставност и законитост на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што утврди дека не е надлежен да одлучува по оспорената одлука.

Врз основа на изенсеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.