Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 алинеја 1 и 2 и член 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 октомври 1994 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ УКИНУВААТ
а) член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.36/91);
б) член 35 став 3, член 36 став 3, член 40 став 2 и член 44 од Правилата за работа на Службата за државна безбедност, донесени од Министерот за внатрешни работи (“Посебен службен весник” бр.10, од 22 јуни 1992 година) и
в) Упатството за примена на оперативно-техничките средства и методите на Службата за државна безбедност, донесено од Министерот за внатрешни работи во април 1992 година.
2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.146/93 од 2 февруари 1994 година, поведе постапка за оценување устаавноста односно уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со членовите 17 и 52 од Уставот на Република Македонија.
4. На седницата Судот утврди дека со член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се менува членот 23 од Законот (“Службен весник на СРМ”односно РМ” бр.37/80, 24/88, 36/90, 40/90 и 19/92), така што гласи: “Кога е тоа неопходно за водење на кривична постапка или безбедноста на земјата, на предлог на министерот, надлежниот суд одлучува да се преземат определени мерки со кои се отстапува од начелот на неповредливоста на тајната на писмата и на другите средства за општење”.
Судот, понатаму утврди дека со оспорените правила за работа на Службата за државна безбедност се уредени средствата и методите кои Службата за државна безбедност ги применува во својот делокруг на работа и начинот на нивната примена, облиците на оперативна работа во примената на тие средства и методи и начинот на создавање и водење на документацијата, статистиката и евиденцијата.
Во членовите 32 и 33 од Правилата, се пропишани видовите оперативни средства со кои се отстапува од начелото на неповредливост на тајноста на сите средства за комуницирање, а не само на писмата, што се преземаат заради откривање и попречување на активности насочени кон насилна промена или загрозување на поредокот утврден со Уставот или загрозување на нејзината безбедност, а според член 35 став 3, член 36 став 3, член 40 став 2 и член 33, одлука за користење на оперативните средства, освен тајна контрола на писмата, донесува министерот, по претходно писменко образло`ен предлог на раководителот на службата. За разлика од тоа, со член 37 став 2 од правилата, одлука за тајна контрола на писмата и на другите поштенски пратки министерот донесува по претходно прибавена одлука од надлежниот суд за примена на оваа мерка.
Со оспореното упатство е уредена постапката за примена на оперативно-техничките средства и методи со кои се отстапува од начелото за неповредливоста на тајноста на сите средства за комуницирање, а не само на писмата, како и начинот на кој се врши примената на тие средства и методи.
5. Со член 17 став 1 од Уставот се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Со ставот 2 на оваа уставна одредба се утврдени условите за исклучок од овој принцип, на тој начин што е определено дека само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или ако тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.
Со наведената уставна одредба се гарантира тајноста на писмата и на другите средства за општење во функција на обезбедување на приватнкоста на граѓанинот и тоа, како од посегања врз неа од страна на другите поединци, така и од страна на државните органи. Посебен вид на уставна гаранција на оваа слобода претставува исклучивото уставно уредување на основите и условите за отстапување од овој принцип, при што е дадена можност да се отстапи од начелот на неповредливост на тајноста само во поглед на писмата.
Поради тоа, Судот оцени дека оспорената одредба од Законот за внатрешни работи, со тоа што предвидува можност за отстапување од неповредливоста на тајноста на сите облици на општење, а не само на писмата, излегуа надвор од рамките на уставното ограничување на можностите за отстапување од овој принцип.
Судот, исто така, оцени дека оспорената законска одредба, со тоа што предвидува можност за отстапување од начелото на тајноста на писмата и на другите средства за општење ако е тоа неопходно за безбедноста на земјата, ги надминала рамките на уставното ограничување на можноста за отстапување од овој принцип, кое покрај кривичната постапка се однесува само на интересите поврзани со одбраната на земјата, а не и на безбедноста на земјата.
Со оглед на тоа што во наведените одредби од Правилата и Упатството се дава можност да се употребат средства и методи со кои се нарушува начелото на неповредливост на тајноста на сите средства за општење, а не само на писмата, Судот оцени дека тие не се во согласност со уставот, дотолку повеќе што кога се работи за отстапување од тајноста на другите средства за општење одлуката на Судот воопшто не ја предвидуваат.
6. Согласно член 52 ставовите 1 и 2 од Устав от, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од нивното донесување.
Оспорените правила се објавени во “Службен весник на Република Македонија-посебен службен весник”, а оспореното упатство не е објавено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за објавување на законите и другите републички прописи и општи акти на Собранието на Република Македонија и другите републички прописи и општи акти (“Службен весник на Република Македонија” бр.43/80),во посебниот службен весник се објавуваат, покрај прописите на Собранието и на Владата, и прописите и другите општи акти на функционерите што раководат со републичките органи на управата што содржат податоци чие објавување би било во спротивност со интересите на безбедноста и одбраната на Републиката и со други општествени интереси утврдени со закон, за кои тоа ќе го определи функционерот што го донел прописот.
Имајќи предвид дека оспоренкото упатство воопшто не е објавено, Судот оцени дека тоа не е во согласност со член 52 став 1 од Уставот.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од оваа одлука.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.