У.бр.105/1994

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 51 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 септември 19 94 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Горгија Бошевски од Скопје, за заштита на слободите и правата утврдени во член 110 алинеја 3 од Уствот на Република Македонија.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Горгија Бошевски од Скопје, му поднесе барање за заштита на слободите и правата утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот, поради тоа што изнесувал свои мислења и погледи во врска со одредени работи и состојби во бившата ЈНА, а кои му биле повредени со Предлогот за поставување од Командата 319 од 28 септември 1979 година; Одговорот бр.3255-2 од 6 април 1983 година, даден од Војна пошта бр.5573 од Скопје; Решението ИП.бр.07977 од 5 април 1985 година, донесено од Заводот за социјално осигуруваше на вотни осигуреници ; Решението ИН.бр.139-12 од 24 октомври 1984 година, донесено од Војна пошта бр.5573 од Скопје, Решението бр.8436-2 од 30 октомври 19 79 година, донесено од истата војна пошта и Известието бр.5111/2 од 24 март 1994 година, дадено од Министерството за одбрана.

3. Судот на седницата утврди дека не постојат процесни претпоставки за поведување на постапка за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, затоа што од денот на доставувањето на оспорените акти, односно од денот на дознавањето за преземеното дејствие со кое е сторена повредата, поминале повеке од 2 месеца односно повеке од 5 години”, односно дел од оспорените акти не претставуваат конечен или правосилен акт (известието на Министерството за одбрана) во смисла на член 51 од Деловникот на Уставниот суд, во кој е предвидено дека секој граганин што смета дека со поединечен акт или дејство му еповредено право или слобода утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземаше дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денотна неговото преземање.Со оглед на тоа што за оспорените акти изминал рокот утврден во член 51 од Деловникот Уставниот суд нема процесни претпоставки да се впушти во заштита на слободите и правата евентуално повредени со овие акти, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.105/1994
28 септември 1994 година
С к о п ј е