Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 47 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 јули 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на Статутот на ДОО “Графика” во Скопје, во состав на Претпријатието за оспособување и вработување на инвалиди “Светлост” во Скопје, донесен од Управниоит одбор на Друштвото со ограничена одговорност на 20 април 1992 година.
2. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесената иницијатива од Јован Тоторов и други работници од Скопје поведе постапка за оценување законитоста на статутот означен во точката 1 од ова решение, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со член 120 и 123 од Законот за претпријатијата.
3. На седницата Судот утврди дека Претпријатието за оспособување и вработување на инвлиди “Светлост” во Скопје, на 13 април 1992 година основало ДОО во општествена сопственост “Графика” во Скопје. Понатаму Судот утврди дека на 20 април 1992 година Управниот одбор на Друштвото го донел Статутот. Судот, исто така, утврди дека во член 12 и 14 од Статутот е предвидено дека орган на управување со Друштвото е Управниот одбор кој го донесува Статутот.
4. Спред член 106 став 1 од Законот за претпријатијата друштвото со ограничена одговорност донесува статут односно правила на друштвото, а според став 2 точка 4 од истиот член статутот односно правилата мора да содржат одредби кои се однесуваат на начинот на управување со друштвото за основање на управниот одбор и на собранието (ако вложувачите се договориле дека тие ќе постојат).
Од изнесената законска одредба произлегува дека право на основачите со актот за основање е да утврдат дали и кои органи на управување ќе ги предвидат и кои функции ќе ги вршат тие органи.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај во Статутот на Друштвото и во актот за основање е предвидено дека орган на управуваање со Друштвото е Управниот одбор и тој ги врши функциите на собранието, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за неговата согласноист со член 106 став 2 точка 4 од Законот за претпријатијата и одлучи да ја запре постапката.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов