Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 јуни 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Мислењето на Министерството за труд и социјална политика за примената на член 75 од Законот за основните права од пензиското и инвалидското осигурување, од 18 јуни 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Грил Радмила од Скопје му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со неговата примена пензионерите, од другите републики на поранешна Југославија, кои не го оствариле правото на препензионирање пред 16 јуни 1993 година, немале можност тоа да го сторат по истекот на овој датум, што не било во согласност со Уставот и со закон.
3. Судот на седницата утврди дека оспореното мислење не претставува пропис односно општ акт во смисла на член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, поради што не е надлежен да одлучува за неговата уставност и законитост.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.