247/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 април 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за определување на локација за изградба на бензиска пумпа на магистралниот пат М-26, делница Гостивар-Кичево, стациона`а на км104+100 – десно на подрачјето на Општина Кичево, донесена од Владата на Република Македонија на 1 ноември 1993 година.

2. СЕ УКИНУВА решението за запирање од извршување поединечните акти и дејствија што се донесени односно преземени врз основа на оспорената одлука, донесено на 9 февруари 1994 година.

3. На Уставниот суд на Република Македонија, Есат и Неџип Садику од село Трапчин Дол Општина Кичево, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката озна~ена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било повредено нивното право на сопственост врз земјиштето на кое била предвидена изградба на бензинска пумпа, што не било во согласност со член 8 став 1 алинеја 6, член 30 и член 51 од Уставот на Република Македонија и со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.

Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука, врз основа на член 54 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, се определува локација за изградба на бензиска пумпа, чиј инвеститор ќе биде Претпријатието за промет и производство “Вај-Комерц” од село Трапчин Дол Општина Кичево и се определува земјиштето кое му припаѓа на објектот за негова редовна употреба.

Понатаму, Судот утврди дека составен дел на одлуката е графичкиот прилог – кој не се објавува, а се наоѓа во Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија.

Според документацијата од надлежните органи, Судот утврди дека за спорната локација нема основен, ниту детален урбанистички план и дека бензиската пумпа ќе се гради на половината од КП.бр.754 на источната страна која граничи со магистралниот пат М-26, што по извршената физичка делба е во сопственост на инвеститорот на објектот.

5. Според член 8 став 1 алинеја 6 од Уставот на Република Македонија, темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е правната заштита на сопственоста.

Согласно член 30 став 1 од Уставот, се гарантира правото на сопственост, а според ставот 3 на овој член, никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Според ставот 4 на овој член, во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не мо`е да биде понизок од пазарната вредност.

Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

Од наведените уставни одредби произлегува дека само јавниот интерес утврден со закон може да биде уставно допуштен основ за одземање или ограничување на сопственоста, со обезбедување на правото на надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност, така што и за експропријација на недвижности јавниот интерес може да биде утврден само со закон.

Според член 54 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, за населени места и надвор од нив за кои не е донесен просторен или урбанистички план или донесениот план не содржи елементи за утврдување услови за градба, локација за изградба на јавни, општествени односно стопански објекти може да се издаде врз основа на посебен акт на Владата на Република Македонија, односно општ акт на собранието на општината за објекти од општинско значење. Општиот акт од став 1 на овој член се донесува по претходно издадена согласност на републичките органи на управата надлежни за работите на урбанизмот и земјоделството.

Во конкретниот случај, според мислењето на Судот, за донессување на оспорената одлука исполнети се условите од член 54 од Законот односно се работи за земјиште кое е надвор од населено место за кое не е донесен урбанистички план, а притоа не се задира во сопственичките права на подносителите на иницијативата, бидејќи локацијата за изградба на објект е издадена на половината од земјиштето што не е во сопственост на подносителите на иницијативата, туку е во сопственост на инвеститорот на објектот. Поради тоа, Судот оцени дека нема основа за поставување на прашањето за согласноста на оспорената одлука со Уставот и со законот.

Со оглед на тоа што не поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, Судот го укина решението за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспорената одлука.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.