5/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на одлуките У.бр.147/90 и У.бр.167/91, донесени од Уставниот суд на Република Македонија на 13 март 1991 година и на 1 јули 1992 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Катина Кушевска од Скопје му поднесе иницијатива, Судот да го преиспита видот на одлуките означени во точката 1 од ова решение, поради тоа што смета дека тие требало да бидат поништувачки, а не укинувачки.

3. Судот на седницата утврди дека при донесувањето на одлуките ги имал предвид сите околности што се од значење за заштитата на уставноста и законитоста, а особено тежината на повредата и нејзината природа и значење за остварување на слободите и правата на граѓаните или за односите што се воспоставени врз основа на тие акти, правната сигурност и други околности од значење за одлучувањето.

4. Со оглед дека по повод иницијативата не најде основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.