61/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 став 2 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 јануари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Радослав Јаковлевски од Титов Велес му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуките означени во точката 1 од ова решение, затоа што висината на надоместокот за користење на радиодифузни приемници не била соодветна на квалитетот и содржината на програмата и што Македонската радиотелевизија го зголемувала надоместокот без согласност на Владата на Република Македонија, што не било во согласност со Уставот и закон.

3. На седницата Судот утврди дека оспорените одлуки престанале да важат пред поднесување на иницијативата и оцени дека нема процесни претпоставки за водење на постапката, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.