173/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонја, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 септември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за разрешување на претседателот на Извршниот одбор на Собрнието на Општина Тетово, донесена од Собранието на Општината Тетово на 19 февруари 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Демократскиот форум за заштита на правата и слободите на човекот во Македонија – од Тетово му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што била донесена од Собранието на Општината без потребното мнозинство гласови и без извештај на Комисијата формирана да го испита случајот, а на седницата на Собранието не било присутно лицето на кое се однесувала Одлуката. Сето тоа претставувало флагрантно кршење на човековите права и било во спротивност со одредбите на Уставот и на законите.
3. Разгледувајќи ја иницијативат, Судот утврди дека со Решение У.бр.142/93, донесено од 14 јули 1993 година, го отфрлил барањето на Љубиша Димитриевски од Тетово за оценување уставноста и законитоста на истата одлука, затоа што оценил дека таа претставува поединечен правен акт, кој не се однесува на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на република Македонија, поради што Судот се огласил за ненадлежен.
Со оглед на тоа дека Судот веќе одлучувал за оспорената одлука, а со иницијативата на Демократскиот форум за заштита на правата и слободите на човекот во Македонија од Тетово не се укажува на нови факти и поинакви правни аспекти, Судот оцерни дека нема основи за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точка 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.