142/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 јули 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за разрешување на претседателот на Извршниот одбор на Собранието на Општина Тетово, донесена од Собранието на Општината Тетово на 19 февруари 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Љубиша Димитриевски од Тетово му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што била предложена од ненадлежни предлагачи, предлагачите не присуствувале на седницата кога се одлучувало за одлуката, одлуката нема образложение, а Собранието на Општината ја донело без потребното мнозинство гласови, со што биле нарушени уставноста и законитоста, како и правата и слободите на граѓаните од член 110 од Уставот на Република Македонија.
3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека со неа се бара поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на поединечен правен акт, кој не се однесува на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, поради што Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по барањето во иницијативата.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф, Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.