1/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 јуни 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за давање земјиште во трајна сопственост, донесена од Собранието на Општината Виница на 26 април 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Трифун Филипов од село Блатец во Општина Виница за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што не била донесена во постапка пропишана со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорената одлука нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.