Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 март 1993 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на Одлуката У.бр.39/92, донесена од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 23 декември 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Илија Илиевски од Струмица, му поднесе иницијатива за преиспитување на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што таа била донесена врз основа на политички инсинуации и измислици од страна на второстепениот орган на управата и на Врховниот суд на Македонија.
3. Имајќи ги предвид наводите во иницијативата за преиспитување на означената одлука, Судот утврди дека не се изнесуваат нови факти и докази кои би биле основа за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точка 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фидачо Стоев.