103/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 став 1 алинеја 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 март 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1.СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на Статутот на Градежното услужно претпријатие во општествена сопственост – друштво со ограничена одговорност ГУП “Младост” од Титов Велес, донесен од Собранието на Друштвото на 3 февруари 1992 година.
2. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.103/92 од 28 октомври 1992 година, по повод поднесена иницијатива од ГИППОС “Трудбеник” од Охрид, поведе постапка за оценување законитоста на актот означен во точка 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со Законот за претпријатијата.
3. Судот на седницата утврди дека доносителот на оспорениот акт донел нов статут во законски предвидента постапка односно по пад на референдум, поради што оцени дека нема основ за натамошно водење на постапката, па одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазареси, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.