Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 7 октомври 1992 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за воведување на самопридонес за подрачјето на Општината Ресен, донесена од Собранието на Општината на 25 јуни 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што била донесена спротивно на волјата на граѓаните за воведување на самопридонесот, поради што Одлуката била во несогласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека Собранието на 13 февруари 1992 година, за што е донесена посебна програма на 16 март 1992 година. Иницијативата и Програмата биле ставени на јавна расправа и прифатени од собирите на граѓаните одржани во сите месни заедници. Притоа, Собранието на Општината донело Одлука за распишување на референдум за воведување самопридонес од 2 јуни 1992 година, а на референдумот, спроведен на 21 јуни 1992 година, од вкупниот број на избирачите запишани во избирачкиот список за воведување на самопридонесот се изјасниле 52,18%. Врз основа на резултатите од референдумот донесена е оспорената одлука.
4. Според член 14 став 4 и 5 од Законот за општите начела на самопридонесот (“Службен весник на СРМ” бр.27/78) иницијатива за воведување самопридонес за подрачјето на општината може да покрене собранието на општината, па ако таа биде прифатена сд собирите на работните луѓе и граѓаните во месните заедници собранието на општината донесува акт за распишување на референдум за воведување на самопридонесот.
Според член 17 став 1 од Законот, самопридонесот се смета за воведен ако за него со референдум се изјаснат повеќе од половината од работните луѓе и граѓаните запишани во избирачкиот список на подрачјето за кое се воведува самопридонесот.
Според член 17 став 1 од Законот, самопридонесот се смета за воведен ако за него со референдум се изјаснат повеќе од половината од работните луѓе и граѓаните запишани во избирачкиот список на подрачјето за кое се воведува самопридонесот.
Според член 18 став 1 од Законот, ако работните луѓе и граѓаните се изјаснат за воведување на самопридонес собранието на општината донесува акт за воведување на самопридонес.
Со оглед на тоа што оспорената одлука е донесена во постапка пропишана со закон, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со означените законски одредби.
5. Што се однесува до наводот во иницијативата за веродстојноста на резултатите од гласањето на граѓаните, Судот утврди дека тоа е фактичко прашање, за кое, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.