У.бр.91/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 3 јуни 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Елена и Крсте Костови од Охрид за овозможување понатамошна изградба на нивната индивидуална станбена зграда.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива со барање Судот да овозможи остварување на правото означено во точка 1 од ова решение.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува, затоа што со неа не се бара заштита на слободите и правата определени во член 110 став 3 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот, кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.