140/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 6 мај 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на Одлуката за донесување урбанистички план за 1 зона од централното градско подрачје бр.08-11153, донесена од Собранието на Општина Охрид на 6 ноември 1990 година.
2. Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, со предлог поднесен до Уставниот суд на Република Македонија, поведе постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со нејзини одделни решенија во поглед на намената на оддел ни локации, нивниот распоред и однос со постојните објекти, се нарушувала урбанистичката, градежната и естетската целина на просторот.
3. Во текот на постапката Судот утврди дека оспорената одлука е укината со Одлуката бр.08-1258, донесена на седницата на Собранието на Општината Охрид на 14 февруари 1992 година (“Службен гласник на Општина Охрид” бр.1/92).
Со оглед на тоа што оспорената одлука престанала да важи, а не наоѓа основи да ја оценува нејзината законитост во времето на важењето, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.