Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 14 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 6 мај 1992 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на член 128 од Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/80, 24/88, 36/91 и 19/92).
2. Уставниот суд на Република Македонија, со Одлука У.бр.219/90 од 18 септември 1991 година, утврди дека законската одредба означена во точката 1 од ова решение не е во согласност со Уставот на Република Македонија, затоа што предвидуваше престанок на работниот однос против волјата на работникот без утврдување на условите и начинот на престанокот. Собранието на Република Македонија имаше уставна обврска да ја усогласи означената законска одредба со Уставот во рок од 6 месеци од денот на доставувањето на одлуката на Судот.
3. Во текот на постапката Судот утврди дека со член 1 од Законот за изменување на Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.19/92) неуставната законска одредба е изменета, така што се утврдени условите и начинот за престанок на работниот однос против волјата на работникот. Со тоа, според мислењето на Судот, неуставната законска одредба е усогласена со Уставот, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.