130/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 4 март 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на Изводот на урбанистичкиот план 779/91 од 12 февруари 1991 година, издаден од секретаријатот за комунални работи, урбанизам и имотно-правни односи на општината Охрид.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се вршело измена на урбанистичкиот план на 1 урбана единица во Охрид, што не било во согласност со закон.
3. Разгледувјаќи го барањето, Судот утврди дека со изводот не се врши измена на урбанистичкиот план, поради што оцени дека тој не претставува пропис, за чија законитост, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.