Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, оствари проштална средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал, по повод завршувањето на неговиот мандат.
Во разговорот беше направен осврт на досегашната соработка со ОБСЕ, особено на поддршката во јакнењето на институционалните капацитети на Судот, преку обуки за службата на Судот и поддршка во изработката на Политиката за интегритет, методологијата за нејзино спроведување и Етичкиот кодекс.
Претседателот информираше дека Судот го усвои Етичкиот кодекс, што амбасадорот го поздрави со задоволство.
Во разговорот беше истакнато и унапредувањето на работата на Судот во изминатиот период, особено во делот на транспарентноста и јавната видливост. Амбасадорот ги оцени позитивно овие заложби, нагласувајќи ја важноста на отворената комуникација со јавноста и транспарентното работење на Судот.
На крајот, претседателот изрази благодарност за досегашната поддршка и партнерство, изразувајќи уверување дека соработката со ОБСЕ ќе продолжи и во иднина, во насока на унапредување на институционалниот интегритет, транспарентноста и довербата во работата на Уставниот суд.


