Соопштение по одржаната 26. седница на Уставниот суд

На 3 ноември 2026 година, Уставниот суд ја одржа 26. седница на која го одлучи следното:

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.170/2025 и У.бр.171/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 58 став 11 во делот „деловна тајна“ и член 95 став 1 точки 4 и 5 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 27/2020, 56/2021 и 154/2025).

Oдлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативите: Игорчо Точев од Скопје

2. Реферат У.бр.1/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 31 став 4 од Законот за медијација (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/2021).

Oдлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски од Скопје

3. Реферат У.бр.65/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 1 во делот „грижа за континуираната обука на судиите“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на инцијативата: Оливер Давидовски од Скопје

4. Реферат У.бр.66/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 1 во делот „донесување на судски деловник,“ и член 84 став 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на инцијативата: Оливер Давидовски од Скопје

5. Реферат УЗ.бр.82/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 ставови 2 и 3 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносители на иницијативата: Ѓорѓи Крстевски и Рамиз Јусуфи, двајцата од Скопје

6. Реферат У.бр.110/2024

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на текстуалниот дел за Конечен Предлог-план за ГУП Тетово, Општина Тетово бр. 08-10981/39 од 28 септември 2022 година, донесена од Советот на Општина Тетово („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.13 од 30.09.2022 година).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Судиите м-р Фатмир Скендер и Насер Ајдари најавија издвоено мислење.

Подносител на инцијативата: Даријан Сотировски од Тетово

7. Реферат УЗ.бр.12/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на урбанистички план за село Дрен (локалитет Дошница) изменување и дополнување, донесена од Советот на Општина Демир Капија, бр. 07-655/2 од 20.09.2011 година („Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.8/2011).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Ристе Димов од Демир Хисар, преку адвокат Блаже Крчински од Скопје

II. БАРАЊE ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. БЗСП.бр.2/2025

Судот го отфрли барањето на Зоран Нешевски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, коишто се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на национална припадност.

Одлуката е донесена едногласно.

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025

Судот го укина член 41-а став 7 во делот „и превозот“ од Законот за средното образование (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161 /2019, 76/2020, 229/2020, 269/2023, 78/2025, 132/2025 и 250/2025).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносители на иницијативата: Уставен суд по сопствена иницијатива и Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска, двајцата од Скопје

2. УЗ.бр.43/2025

Судот ги укина член 23 став 2, став 3 во воведната реченица во деловите „овите“ од зборот „ставовите“ и „и 2“ и став 4 во деловите „овите“ од зборот „ставовите“ и „и 2“ од Правилникот за минимално-техничките услови во продажни објекти во кои се врши трговија на големо и трговија на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/2022, 79/2023 и 136/2025).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносители на иницијативата: д-р Валентин Пепељуговски, адвокат од Скопје и м-р Бојан Стоилков од Скопје

3. УЗ.бр.72/2025

Судот го поништи Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет бр.0202-362/1 од 10.10.2024 година, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Сашо Цветановски од Скопје

4. УЗ.бр.5/2026

Судот ги поништи член 41 став 1 и член 46 ставови 1 и 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025) и Одлуката бр.0201-1642/2 од 29.12.2025 година, донесена од Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права  Скопје.

Одлуката е донесена едногласно.

Подносители на иницијативата: Ѓорѓи Крстевски и Рамиз Јусуфи, двајцата од Скопје