Делегација на Уставниот суд учествува на меѓународна конференција во Белград, по повод 20 години од Уставот на Република Србија 

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествува на меѓународната конференција во Белград која се одржува од 28-30 октомври 2026 година. 

Конференцијата се организира по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. 

Во рамки на конференцијата, судијката Павловска-Данева ќе има обраќање на темата „Мерки за подобрување на ефикасноста на апстрактната контрола на правните акти од страна на Уставниот суд“, во третата панел-дискусија посветена на нормативната контрола, теоријата и практиката.

На конференцијата учествуваат претседатели и судии на уставни судови, судии на Европскиот суд за човекови права, претставници на Венецијанската комисија, високи претставници на правосудни институции и универзитетски професори.

Конференцијата опфаќа дискусии за развојот на уставноста, современите предизвици на уставното судство, човековите права и вештачката интелигенција, гаранциите за фер судење пред уставните судови.