Соопштение по одржаната 24. седница на Уставниот суд

На 7 октомври 2026 година, Уставниот суд ја одржа 24. седница на која го одлучи следното: 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ  

1. Реферат У.бр.166/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 157 став 8 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.37/1996, 80/1999, 48/2001, 4/2002, 16/2002, 43/2003, 19/2004, 40/2004, 81/2005, 50/2006, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 143/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017, 170/2017, 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 36/2023, 188/2023, 58/2025, 16/2026, 17/2026). 

Oдлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Славко Димитров 

2. Реферат У.бр.181/2025 и 182/2025 

Поради недобиено мнозинство Судот не донесе одлука по предлогот за поведување постапка за оценување на уставноста на член 36 во став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 104/2019, 146/2019, 275/2019, 88/2020, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 236/2022, 265/2024, 17/2025 и 132/2025).

Судот  ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 38 во став 3 од истиот закон.

Во овој дел одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативите: Kлиментина Ангелеска 

3. Реферат У.бр.189/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 12 став 1 алинеја 9 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2023). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на инцијативата: Оливер Давидовски 

4. Реферат У.бр.194/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 34-в став 9 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/05, 110/08, 83/09, 116/10 и 124/15). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на инцијативата: Оливер Давидовски  

5. Реферат У.бр.106/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 461 ставови 2, 3 и 4 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015). 

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: aдвокат Горан Николовски

6. Реферат УЗ.бр.71/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Укажувањето за доследна примена на Законот за супервизија на осигурување во делот на вршење осигурително брокерски работи од страна на осигурителните брокерски друштва бр. 08-841/1 од 10.12.2024 година и Дополнителни појаснувања во врска со содржината на Циркуларен допис доставен до осигурителни брокерски друштва бр. 08-165/1 од 23.01.2025 година, Појаснувања во врска со содржината на Циркуларен допис доставен до осигурителни брокерски друштва и друштва за осигурување бр. 08-165/2 од 11.04.2025 година, Дополнување на содржината на Циркуларен допис доставен до осигурителните брокерски друштва и друштва за осигурување бр. 08-165/7 од 29.04.2025 година. 

Одлуката е донесена едногласно. 

 Подносител на инцијативата: адвокат  Жарко Хаџи-Зафиров

7. Реферат УЗ.бр.19/2026 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните училишта, бр. 18-2778/1 од 13 февруари 2026 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/2026). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Судијата Фатмир Скендер најави издвоено мислење.

Подносител на иницијативата: Скендер Реџепи 

8. Реферат УЗ.бр.66/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Заклучок внесен во точка 103 на Записникот од шестата седница на Владата на Република Северна Македонија донесен на 4 февруари 2020 година. 


Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Славко Димитров 

II- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ ОДЛУКА  

У.бр.47/2026 

Судот го укина  член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж“ од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев