Претседателот Костадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер.

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот.

На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики.

Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката.