Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик

Поради поголем интерес на јавноста во врска со предметите У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025, Судот информира:

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 75-ѓ став 1 и став 12, член 76-д став 5 и член 78-а став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 33/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 42/2020, 74/2021, 58/2024 и 76/2024).

Мнозинството судии го имаше предвид фактот дека Уставниот суд веќе одлучувал по однос на оспорените одредби, како  и прашањето дали постојат околности што би можеле да бидат основ за поинакво одлучување.

Судот со мнозинство гласови одлучи да не ги прифати иницијативите и да не поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби.

Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи”. 

По барање на повеќе медиуми Судот го споделува и Решението за неповедување постапка за одредбите од Изборниот законик за кои веќе одлучуваше во 2023 година(https://ustavensud.mk/2023/07/%D1%83-%D0%B1%D1%80-12022/ ) и издвоеното мислење на претседателот д-р Дарко Костадиновски, тогаш судија.(https://ustavensud.mk/2023/07/%d0%98%d0%b7%d0%b4%d0%b2%d0%be%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%a3-%d0%b1%d1%80-12022/) .