м-р Мери Дика Георгиевска

м-р Мери Дика Георгиевска

Судија

Лични податоци


  • Име: Мери Дика Георгиевска
  • Националност: Влаинка
  • Датум на раѓање: 3 март 1961 година
  • Mесто на раѓање: Скопје

Образование:


  • 1985 година, дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје
  • 1987 година, положен правосуден испит во Министерството за правосудство и управа – Скопје
  • 2014 година, магистрира на Правниот факултет при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, со магистерска теза „Улогата и значењето на моделот на системот на управување во остварување на деловниот потфат“

Работно искуство:


  • 1 ноември 1985 година, адвокатски приправник кај адвокат Ристо Дика
  • 1 јануари 1987 година, адвокатски стручен соработник
  • 6 мај 1989 – 30 јуни 1996 година, адвокат во сопствена адвокатска канцеларија
  • 1 јули 1996 година, избрана за судија на Основен суд Скопје II Скопје, постапува по предмети од стопанска материја и ја извршува функцијата претседател на Стопанскиот оддел
  • 18 мај 2005 година, избрана за судија во Апелационен суд Скопје, постапува по стопански спорови и ја извршува функцијата претседател на Одделот за трговски спорови
  • 18 декември 2012 – 18 декември 2018 година, член на Судскиот совет на Република Македонија
  • Од 19 декември 2018 година, судија во Апелационен суд Скопје, постапува по предмети од трговската област, претседател на совет и претседател на Одделот за трговски спорови
  • 3 февруари 2023 година, назначена за вршител на должноста претседател на Апелационен суд Скопје
  • Од 2023 година, претседател на Одделот за судска практика во Апелационен суд Скопје
  • 30 октомври 2023 година, избрана за претседател на Апелационен суд Скопје
  • Вкупен работен стаж: 40 години и 3 месеци.
  • Вкупен судиски стаж: 29 години и 7 месеци, од кои 6 години член на ССРМ од редот на судиите.

Стручни и професионални активности:


  • Член на Комисија за полагање на испит за стечајни управници
  • Предавач на теми поврзани со примената на Законот за стечај, како „Ефекти од досегашната примена на Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај и на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај“, во сите судови во РМ
  • Член на работна група, формирана од министерот за економија, за изготвување предлог-текст на Законот за инсолвентност
  • Долготрајна соработка со Комората на стечајни управници и активно учество во проекти поддржани од Светска банка и Европската Унија, во врска со зајакнување на административните капацитети за имплементација на правната рамка за стечај и ликвидација на трговски друштва
  • 2014/2015 и 2015/2016 година, клиничар од практика за изведување настава по предметот „Стечај и стечајна постапка“ на втор циклус студии на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје
  • 2014/2015 и 2015/2016 година, член на Деловниот совет при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје
  • Член на Управниот одбор на Агенцијата за управување со одземен имот по службена должност како член на ССРМ
  • 2019 година, член на Комисијата за завршен испит на VI генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
  • 2023 – 2025 година, член на Комисијата за полагање правосуден испит, како испитувач по граѓанско право
  • 2024 година, член на Комисијата за оценка на практичниот дел од испитот во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
  • Член на Стручниот совет на Комората на извршители на РСМ

Придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и правниот систем:


  • Како претседател на Одделот за судска практика активно учествува во процесот на воедначување на судската практика, анализа на карактеристични судски одлуки, изработка на секвенци и подготовка и јавно објавување на билтени
  • Како судија во Основниот суд Скопје II Скопје постапува по предмети од стопанска материја и има донесено околу 2.500 судски одлуки
  • Како судија во второстепен суд има донесено повеќе од 5.000 одлуки, главно потврдени од повисоките судови
  • Верификуваните одлуки значително влијаат на уредувањето на стопанските процеси и нивното интегрирање во пошироката општествена слика и деловното окружување
  • Преку формулирање и усвојување суштински стручни ставови и правни мислења учествува во воспоставувањето судска практика при регулирањето на овој сегмент, со цел обезбедување правна сигурност на правните субјекти