Честитка од претседателот д-р Дарко Костадиновски по повод 8 Септември- Денот на независноста

По повод 8 Септември- Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани. 

Почитувани сограѓани,

Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост.  8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката. 

Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото. 

Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

.