Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.
Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права.
Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа.

За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на gragjani@ustavensud.mk, на +389 2 322 3626 или 070 332 139. Средбите се одржуваат секој прв четврток во месецот.
