На 23 септември 2026 година Уставниот суд ќе ја одржи 22. седница на која ќе се дискутира и одлучува по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост, ќе се одлучува по пет предлози за Нацрт-одлуки.
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
- Реферат У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025
Oспорени одредби: Член 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 33/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 42/2020, 74/2021, 58/2024 и 76/2024).
Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи”
Од наводите во иницијативата:
(144/2025)Политичка партија “Левица”
Подносителот наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за платено политичко рекламирање. Во иницијативата се тврди дека Изборниот законик треба да обезбеди уставна рамнотежа преку еднаков третман на сите политички субјекти, преку еднаков пристап, бидејќи медиумскиот простор директно влијае на видливоста на учесниците во изборната кампања. Подносителот смета дека толкувањето на Изборниот законик предвидува сите регистрирани партии кои се јавуваат како учесници во изборниот процес, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни да добијат соодветна и пропорционална државна поддршка и медиумски простор за претставување на граѓаните. Притоа, нагласува дека термините „може” и „најмногу” не смеат да се толкуваат буквално рестриктивно туку во согласност со целта на законот. Подносителот тврди дека во практиката произволно се толкува и двете најголеми партии од позиција и опозиција добиваат најмногу време, на штета на останатите помали партии. На овој начин, четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите парламентарни партии се потполно исклучени, се наведува во иницијативата.
(145/2025)Политичка партија „Демократи”
Подносителот тврди дека оспорените членови се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 5, член 9, член 16 ставови 1-5 и член 51 од Уставот. Се наведува дека помалите политички партии се ставени во нерамноправна положба, бидејќи се обезбедува 80% од бесплатниот рекламен простор само на четири политички партии, а на останатите само 20% од вкупниот број рекламни паноа и билборди. Во иницијативата се наведува дека оспорените одредби го нарушуваат политичкиот плурализам и слободните демократски избори како темелни вредности на Уставот.
Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за XX-та седница на Судот, одржана на 16 јули 2026 година. Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.
2. Реферат У.бр.146/2024
Oспорени одредби: Член 13 став 2 во делот „и заклучок“ од Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018, 233/2018, 14/2020, 86/2020, 136/2020 и 154/2023).
Подносител: Оливер Давидовски од Скопје
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека е нејасно „како одлука во управна постапка, во смисла на овој закон, се смета… и заклучок на орган на државната управа…“, бидејќи во актуелниот Закон за општа управна постапка веќе не е уреден „заклучокот“ како еден од видовите на управни акти како што било предвидено во претходниот Закон за општата управна постапка, кој одамна не е во примена. Оттука, подносителот смета дека оспорената законска одредба е спротивна на владеењето на правото и правната сигурност.
Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за 11. на Судот, одржана на 28 мај 2025 година. Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.
3. Реферат У.бр.12/2025
Oспорени одредби: Делот „следува надоместок“ од членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024) и Точка 1 од Одлуката за давање согласност за присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги увоз-извоз Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41- 12385/7 од 31.12.2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.2/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорените делови се во спротивност со една од темелните вредности на Уставот- владеењето на правото бидејќи, според него се остава можност на арбитререн начин да се определува „надоместокот”.
Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за 7. седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија, одржана на 11 март 2026 година. Предлогот на судијата-известител не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.
4. Реферат У.бр.53/2025
Oспорени одредби: Член 12 алинеја 9 од Законот за адвокатурата (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.199/2023).
Содржина на оспорената одредба:
Во именикот на адвокатите може да се запише лице кое ги исполнува општите услови за основање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење адвокатска дејност и ги исполнува следните услови:
-да не му престанала функцијата судија, јавен обвинител, државен правобранител или заменик, народен правобранител или заменик, избран или именуван функционер, односно да не му престанал работниот однос како државен службеник, нотар, заменик или помошник нотар, извршител или заменик извршител со конечна одлука во судска, дисциплинска или друга постапка со која е утврдена одговорност во вршење на функцијата односно службата додека не поминат пет години од конечноста на одлуката.
Подносител на иницијативата: Атанасов Таско
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека одредбата е спротивна на Уставот бидејќи престанокот на функцијата или работниот однос со судска, дисциплинска или друг вид на постапка не смее да претставува ограничувачки критериум или услов за пристап до работно место, односно до вршење на професија, дејност или должност и може да произлезе единствено врз основа на правосилна судска одлука и изречена кривична санкција.
Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за 6. седница на Судот, одржана на 4 март 2026 година. Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.
5. Реферат У.бр.148/2025
Oспорени одредби: Член 128 став 3 алинеја 1 во делот „материјални и процедурални недостатоци” од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.124/2019, 71/2020 и 155/2024).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека од содржината на оспорениот дел не произлегува попрецизна дефиниција за тоа што се материјални и процедурални недостатоци во работењето на Комората, или пак што се подразбира од истите. На тој начин, без прецизно дефинирање, се остава можност арбитрерно да се применува одредбата која има за последица ограничување или одземање на право, е наведено во иницијативата.
6. Реферат У.бр.149/2025
Oспорени одредби:
Член 112 став 1 алинеја 5 и алинеја 6 во делот „делумно“ од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.124/2019, 71/2020 и 155/2024)
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека оспорената алинеја 5 е недоволно прецизна и недоволно нормирана и со неа се предвидува правна последица, а тоа е одземање на овластување за овластен геодет. Според подносителот, не е доволно јасно дали станува збор за мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност за дело сторено во врска со вршењето на овластувањето или може да стане збор за било кое друго дело за кое овластениот геодет е огласен за виновен, па според тоа да биде изречена меката забрана за вршење професија, дејност или должност.
7. Реферат У.бр.196/2025
Oспорени одредби:
Член 222 став 1 во делот “ во јавната здравствена установа каде што се вработени или во друга јавна…” и ставовите 9, 10, 12 и 13 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012, 10/2013, 38/2013, 65/2013, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 101/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016, 93/2017 и 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 76/2020, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 199/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024, 170/2024 и 31/2026)
Подносител на инцијативата: Дарко Тодоровски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со оспорените одредби, се задира во владеењето на правото бидејќи се создава конфликт на интереси. Според него спорно е да може лекари да вршат дополнителна дејност во јавна здравствена установа каде што се вработени или во друга јавна или…На тој начин, на лекарот му се овозможува да ги користи истите простории, медицинската опрема, помошниот персонал, а притоа да врши приватна дејност за да оствари личен профит.
8. Реферат У.бр.58/2026 и У.бр.59/2026
Оспорени одредби: Член 219 став 2 и член 226-а став 1 во делот „или акт” од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016 и 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ 101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 199/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024, 170/2024 и 31/2026).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Подносителот наведува дека оспорениот дел „или акт“ од членот 219 став 2 од Законот за здравствена заштита е спротивен на членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 32 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителот тврди дека, согласно членот 32 од Уставот, правата на вработените можат да се уредуваат единствено со закон и колективен договор, поради што оставањето можност тие права да се уредуваат и со друг „акт“ е уставно проблематично.
Во таа насока, подносителот посочува дека Законот за здравствена заштита не определува кој е надлежен да го донесе таквиот акт, ниту пак ги утврдува параметрите, критериумите и мерилата според кои би се вршело уредувањето на правата на вработените.
9. Реферат У.бр.227/2024
Оспорен акт: Одлуката за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелацијја за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.2/2024)
Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски преку адвокат Ивица Коневски
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека со донесување на Одлуката се повредени членовите 9 и 30 од Уставот, член 5 и член 8 од Законот за сопственост и други стварни права, член 6 и член 11 од Законот за градежното земјиште, член 63 од Законот за урбанистичко планирање. Подносителот пишува дека со оспорената одлука се врши корекција на границата на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас, локалитет Спортски терени, Општина Ѓорче Петров, Скопје на начин со кој градежната парцела 1.28 ја зафаќа единствено КП 9249 КО Ѓорче Петров 6, се иззема од истата и се планира како земјиште за општа употреба-дел од тротоарот на станбената улица „Новопроектирана 5”. Градежната парцела 1.28 ја задржува намената зададена со важечкиот ДУП „ A2-Згради за домување”. Во иницијативата се наведува дека Општина Ѓорче Петров постапила спротивно на Законот за урбанистичко планирање бидејќи не постоела неусогласеност на градежните парцели со катастарските парцели, ниту станува збор за исправка на техничка грешка како што е наведено во Урбанистичкиот проект со план за парцелација со кој е опфатена корекција на границите на градежната парцела.
Забелешка: Рефератот беше на дневен ред за 18.седница на Судот, одржана на 8 јули 2026 година. Предлогот на судијата-известител е одложен поради дополнително проучување.
10. Реферат УЗ.бр.4/2025
Оспорен акт: Одлука за одредување височина на нулта плоча за градби кај терени во пад во Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар Скопје” број 1/2024 од 17.01.2025 година)
Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Радојков
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со оспорената Одлука на терен се менуваат сите детални урбанистички планови во Општината, бидејќи со неа се менуваат услови во ДУП-ови со промена на максималната височина на градба, без прецизни параметри со можност за злоупотреби од големи размери, со промена на максимално дозволениот процент на изграденост, коефициентот на искористеност на градежното земјиште. Се наведува дека на Одлуката не претходела ниту стручна ревизија, расправа ниту јавна резентација или пак јавна анкета, предвидени со Законот за урбанистичко планирање.
Забелешка: Рефератот беше разгледуван на дневен ред за од 20. седница на Судот, одржана на 24 септември 2025 година. Предлогот на судијата-известител не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање.
II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1.У.бр.23/2025
Одредби за кои е поведена постапка:
член 1 став 3 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 5 точка 1 алинеја 1 во делот „и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители“ и алинеја 2 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 7 став 3 алинеја 6 и член 17 став 1 во деловите „и од директорот на Академијата за обука на судии и обвинители“ и „Академијата за обука на судии и обвинители,“ од Законот за судскиот буџет („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2003, 37/2006, 103/2008 и 145/2010) и член 66 став 1 во делот „преку буџетот на „Судската власт”“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2.У.бр.71/2025
Забелешка:Предлогот за одлучување бил на дневен ред за 7. седница на Судот, одржана на 11 март 2026 година.Предлогот на судијата известител не го добил потребното мнозинство гласови. Предлогот е во фаза на гласање.
3.У.бр.75/2025, У.бр.84/2025 и У.бр.104/2025
Oдредби за кои е поведена постапка:
Членовите 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2025).
Подносители на инцијативата: Деспина Влаќеска, Александар Огненовски и Ана Колиќ Огненовска, адвокати и Химет Лимани од Кичево
4. У.бр.138/2025
Одредби за кои е поведена постапка: член 17 ставoви 1 и 2 во делот „на судија“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
5. У.бр.72/2025
Aкт за кој е поведена постапка:
Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет бр.0202-362/1 од 10.10.2024 година, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.
Подносител на иницијативата: Сашо Цветановски
