Во најновиот Извештај за владеењето на правото за 2026 година, Европската комисија констатира дека Уставниот суд на Република Северна Македонија продолжил да ги унапредува своите капацитети за заштита на уставноста и законитоста.
Како показатели за овој напредок, Комисијата наведува:
– зголемен број на одлуки со кои се укинуваат или поништуваат неуставни или незаконски прописи;
– намалување на бројот на предмети постари од три години, што укажува на подобрување на ефикасноста на Судот;
– зајакнување на институционалните капацитети преку подготовка на нов организациски софтверски систем;
– зголемување на кадровската пополнетост од 57% на 76% од систематизираните работни места.
Во исто време, Европската комисија укажува дека во одредени случаи роковите утврдени од Уставниот суд за усогласување на законодавството со неговите интерпретативни одлуки не биле испочитувани од Собранието.
Уставниот суд останува посветен на унапредување на својата институционална ефикасност и доследно извршување на својата уставна улога во заштитата на уставноста, законитоста и човековите слободи и права.
https://commission.europa.eu/publications/2026-rule-law-report-communication-and-country-chapters_en стр. 16