Уставниот суд денеска, ја одржа 19.седница и ги донесе следните одлуки и решенија:
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
- Реферат У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019, 76/2020, 229/2020, 269/2023, 78/2025, 132/2025 и 250/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Предметот У.бр.92/2025 е оформен по иницијатива на Уставниот суд по претходно доставен предлог на претседателот д-р Дарко Костадиновски
Подносител на иницијативата (У.бр.122/2025): Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска
2.Реферат У.бр.139/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 30 став 6, член 31 ставовите 1, 3 и 4, член 32 ставовите 2 и 5, член 47 став 3 и член 52 став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/2014, 149/2015, 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/2023).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Адвокатско друштво „Менкиноски” преку Тони Менкиноски и Сања Трајановска Ташков
3. Реферат У.бр.160/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 33 став 1 во делот „трошоците“ од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/15, 154/15, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.178/2025 и У.бр.179/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 52 став 9 алинеја 4, член 56 став 5 во делот „констатира“ и член 56 став 5 точка 3 и став 6 точка 2 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2019, 178/2021, 58/2024 и 124/2025).
Одлуката е донесена со мнозинство гласови.
Подносител на инцијативата: Игорчо Точев
5. Реферат У.бр.187/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 76 став 2 во делот „езера“ и член 192 од Законот за заштита на природата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/2010, 47/2011, 148/2011, 59/2012, 13/2013, 163/2013, 41/2014, 146/2015, 39/2016, 63/2016 и 113/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021 и 3/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на инцијативата: Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.16/2026
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 48 став 2 во делот „се исплаќа од страна на Централниот регистар“ од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/2005, 13/2007, 115/2007, 150/2007, 140/2008, 17/2009, 28/2010, 17/2011, 53/2011, 70/2013, 115/2014, 97/2015, 192/2015, 53/2016, 114/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019, 122/2021, 215/2021 и 193/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на инцијативата: Игорчо Точев
7. Реферат УЗ.бр.14/2026
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на
-Одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-4554/14 од 31 мај 2012 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.8 од 5 јуни 2012 година);
-Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-1135/9 од 21 февруари 2013 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.3 од 25 февруари 2013 година);
-Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.09-4969/10 од 2 јуни 2022 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.7 од 6 јуни 2022 година);
-Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.09-1596/17 од 27 февруари 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.3 од 1 март 2023 година).
Одлуката е донесена со мнозинство гласови.
Подносител на иницијативата: Синиша Стаменов
8.Реферат УЗ.бр.4/2026
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот – Методологија за пресметка и исплата на пензии. Врз основа на добиено известување од страна на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, бр.10-1151/2 од 09.03.2026 година, Судот утврди дека посочениот акт – Методологија за пресметка и исплата на пензиите за кој со иницијативата се бара оцена на неговата уставност и законитост, од страна на Фондот не е донесен.
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Мирослав Трлин
III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.64/2025
Судот го укинa член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2.У.бр.186/2025
Судот го укинa член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3.УЗ.бр.52/2025
Судот ја укинa Одлуката за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП 1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, Општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година, донесена од Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Советот на Општина Сопиште“ бр.6/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Државниот инспекторат за локална самоуправа
4. УЗ.бр.78/2025
Судот го укинa член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2008).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: д-р Ненад Гавриловиќ
*Забелешка: На седницата присуствуваа седум судии.