Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд

Денеска(8 јули 2026 година) Уставниот суд ја одржа 18. седница и го одлучи следното:

1. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025

Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање.

Оспорени акти: членовите  75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик

Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи”

2. Реферат У.бр.24/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 4 од Законот за судовите. („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски 

3.Реферат У.бр.44/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Член 9 во делот „без претходна согласност на Владата на Република Македонија” од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018 и Службен весник на Република  Северна Македонија” бр.14/2020 и 154/2023). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски 

4. Реферат У.бр.47/2026 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж” од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.227/2024 

Овој предмет е повлечен од седницата, поради испитување на дополнителни околности. Останува активен и ќе биде ставен на Дневен ред на некоја од наредните седници. 

Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелацијја за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.2/2024).

Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски преку адвокат Ивица Коневски

6. Реферат УЗ.бр.15/2026 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на став 2 во делот „јавните” и став 3 во деловите „јавните” и „за околу 6.000 крводарители” од точка IV. Финансирање на програмата и став 2 во делот „јавните” од точка V. Распределба на средствата од Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија за 2026 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр. 57-1208/8 од 24.02.2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, бр. 43/2026 од 27.02.2026 година. 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Злате Шулески

II – ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ 

1. CH-I-бр.1/2025

Судот одлучи дека за постапување по барањето за враќање на привремено одземени предмети е надлежен Основниот суд Радовиш. 

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на предлогот:

Министерство за економија и труд –Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор – Струмица

III- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА 

Реферат БЗСП.20/2025

Судот го одби барањето на Шерафедин Куртов од Велес за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на национална припадност. 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

IV- БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД

Реферат УЗ.бр.75/2025

Судот  ја отфрли иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.94/2019 од 12 мај 2020 година година, донесена од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија. 

Одлуката е донесена едногласно.

ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ- ОДЛУКА

1. У.бр.59/2025

Судот ја запре постапката за овој предмет. Во оваа фаза од постапката, Судот оцени дека Решението У.бр.59/2025 од 4 март 2026 година, со кое е поведена постапка за оценување на уставноста на член 9 став 2 во делот „на самостоен орган на државна управа“ од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2009, 24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015, 53/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020 и 86/2025), е засновано врз погрешно утврдена фактичка состојба. 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Забелешка* На денешната седница присуствуваа вкупно седум судии.