Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Зајакнати капацитети на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените нормативни акти и заштита на основните права“, организира тркалезна маса на високо ниво на темата: „Воведување на уставна жалба?“.
Настанот има за цел да отвори широка и инклузивна јавна дебата за можностите, предизвиците и придобивките од евентуалното воведување на уставната жалба како инструмент за заштита на човековите права и слободи.
На тркалезната маса се предвидени поздравни обраќања и воведни излагања од:
-д-р Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија
-Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија
-Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија
-Килиан Вал, амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Предвидено е да се одржи и прес-конференција на претседателите на Уставниот суд и на Владата, како и презентација на наодите од „Анализата за уставната жалба“, подготвена од експертски тим ангажиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија. Во таа насока ќе се обрати раководителот на тимот, г. Карстен Манке, заедно со правен експерт.
Дополнително, предвидени се излагања и стручни согледувања на темата од претставници на академската и научната правна јавност, меѓу кои и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари.
Целта на оваа јавна дебата е да се поттикне стручнатата расправа и размена на добри практики, во насока на унапредување на уставно-судската заштита и јакнење на владеењето на правото во државата.
Тркалезната маса ќе се одржи на 24.03.2026 година во Уставниот суд на Република Северна Македонија.