По повод одбележувањето на значајната 62 годишна традиција на Уставниот суд, кој 15 февруари 1964 година прв пат почна со работа, Судот ги повикува сите заинтересирани граѓани на редовни средби со претседателот д-р Дарко Костадиновски. Средбите, ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.
Целта на овие средби е да се приближи работењето на Уставниот суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права, како и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци до Судот. Ова е уникатна можност секој граѓанин одблизу да се запознае со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите на сите граѓани.
Сите заинтересирани можат да се пријават за учество на следните електронски адреси: gragjani@ustavensud.mk на телефонскиот број +389 2 322 3626 или 070 332 139 или преку пополнување на електронскиот формулар во продолжение. Доколку се појават дополнителни прашања, граѓаните да се обратат и до портпаролот на Судот, Христина Беловска на телефонскиот број 077 540 656.
Приклучете се и искористете ја оваа прилика за директен контакт со претседателот на Уставниот суд и подобро разбирање на улогата на Судот во заштита на вашите права!