Уставниот суд на 11 март 2026 година ја одржа 7. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по пет предмети и одлучуваше по едно барање за преиспитување на одлука на Судот. Донесени се следните одлуки:
1. Реферат У.бр.177/2024
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на терминот „привремен“ во насловот и во целиот текст на Законот за таксата за привремен престој („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/1996, 26/2002, 51/2003, 88/2008, 17/2011, 192/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020).
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
2. Реферат У.бр.12/2025
Поради недоволно мнозинство гласови, овој предмет останува во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Оспорен: делот „следува надоместок“ од членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024).
Во врска со Точка 1 од Одлуката за давање согласност за присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги увоз-извоз Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41-12385/7 од 31.12.2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.2/2025), Судот на 25. седница која се одржа на 26.11.2025 ја отфрли иницијативата.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3. Реферат У.бр.25/2026, У.бр.26/2026 и У.бр.33/2026
Судот ги отфрли иницијативите за оценување на член 28 став 8, член 29 став 4, членовите 48-а, 48-б, 48-в 48-г и член 83 став 8 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/2019, 253/2023, 13/2026).
Подносители на иницијативата: Зиадин Села, Илире Даути, Елми Азири, Или Пачуку, политичката партија „Алијанса на Албанците преку нејзиниот претседател Арбен Таравари”
Од анализата на оспорените одредби од Законот за прекршоците, произлегува дека одредбите поврзани со проектот „Безбеден град“ се оспоруваат поради нивната примена во практиката, а не поради нивната содржина.
Уставниот суд има јасно утврден став дека е надлежен да оценува уставност на законски норми само кога сомнежот за неуставност произлегува од нивната содржина „in abstracto“, а не од начинот на нивна примена во конкретни случаи.
Во аргументацијата на Судот е содржана богата уставно-судска пракса согласно која, примената на законите не е во негова надлежност.
Судот оцени дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативите поради ненадлежност, односно за примена на член 38 алинеја 1 од Актот на Судот.
4. Реферат У.бр.64/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки ( „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2025) и
не поведе постапка за оценување на уставноста на Член 48 став 6 во делот „а може да го утврди условот од членот 88 став (4) точка б) од овој закон” од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр.24/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.87/2021 и бр.14/2025) и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки ( „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
5. Реферат У.бр.129/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 136 точка 3 од Законот за забавни игри и игри на среќа („Службен весник на Република Македонија” бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016, 251/2012 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.168/2024).
Подносител на иницијативата: Дритан Фејзулаи
6. Реферат У.бр.137/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.156/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
7. Реферат УЗ.бр.4/2025
Поради немање доволно мнозинство при гласањето, овој предмет останува во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Одлука за одредување височина на нулта плоча за градби кај терени во пад во Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар Скопје“ бр.1/2024).
Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Радојков
8. Реферат УЗ.бр.40/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 17 став 3 од Статутот на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-стамбеното стопанство, занаетчиство и заштитните друштва на Македонија.
Подносител на иницијативата: Александра Дамчевска и други граѓани
9.Реферат УЗ.бр.55/2025
Судот ја отфрли постапка за оценување на уставноста на Глава IV точка IV.1 точка IV.14 во делот „а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапка за кандидирање утврдена со Изборен законик” и точка IV.17 во делот „а ако е предложен од страна на група избирачи може наместо него да предложат без собирање на потписи во постапка за кандидирање утврдена со Изборен законик” од Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје, 2025 година, пречистен текст, број 11-1583/3 од 17 август 2025 година.
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
II- БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ ОДЛУКИ НА УСТАВНИОТ СУД
Реферат УЗ.бр.37/2025
Судот го отфрли барањето за преиспитување на Oдлука на Уставниот суд („Службен весник на Република Северна Македонија бр.154/2023”).
Подносител на иницијативата: Вера Апостоловска
III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
У.бр.21/2025 и У.бр.52/2025
Уставниот суд на 24.12.2025 година поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите „Службен весник на Република Северна Македонија” бр/272/2024 од 27.12.2024). По поведувањето на постапка, на Собранието му определи рок од 30 дена да да даде мислење за оспорениот закон.
Собранието, како доносител на оспорениот акт, во определениот рок (истечен на 27.02.2026) не даде одговор за Судот на решението за поведување на постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби, а во меѓувреме на 25 февруари 2026 година донесе нов Закон за изменување на платите на судиите со кој одново ги намали коефициентите за пресметување на платите.
Согласно новонастанатата состојба, земајќи го предвид фактот дека измените за кои е поведена постапка повеќе не се дел од правниот поредок, Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите „Службен весник на Република Северна Македонија” бр/272/2024 од 27.12.2024) и по сопствена иницијатива на денешната седницаповеде постапка за оценување на уставноста на новото законско решение со кое одново се намалени коефициентите, односно за новиот Закон за изменување на Законот за платите на судиите(Службен весник на Република Северна Македонија” бр.39/2026).
У.бр.71/2025
Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува во фаза на гласање за некоја од наредните седници.
Појаснување: На 24.12.2025 година Судот поведе постапка за оценување на – Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024) и
– Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024).