Соопштение по одржаната 6. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска, 4 март 2026 година ја одржа 6. седница на која дискутираше по осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и донесе пет одлуки за кои претходно поведе постапка. За прв пат Судот овозможи емитување во живо на дискусиите, кои се пренесуваа на веб-страницата на Уставниот суд. На овој начин граѓаните можеа во целост да ги слушнат сите аргументи и правни стојалишта за предметите за кои се донесоа одлуки.

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У. бр. 5/2023

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 2, член 37 став 2, член 111ставови 4 и 5, член 123 став 1, член 138 став 3 и член 139 став 2, сите во делот„напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република СевернаМакедонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот” од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РепубликаСеверна Македонија“ бр.236/2022).

Подносител на иницијативата: Валентин Пепељугоски и други

2.Реферат У. бр. 146/2024

Судот не донесе одлука поради недобиено мнозинство гласови за член 13 став 2 во делот „и заклучок“ од Законот за извршување („Службен весник наРепублика Северна Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018, 233/2018,14/2020, 86/2020, 136/2020 и 154/2023)

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

3.Реферат У. бр. 23/2025

1. Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 став 3 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 5 точка 1 алинеја 1 во делот „и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители“ и алинеја 2 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 7 став 3 алинеја 6 и член 17 став 1 во деловите „и од директорот на Академијата за обука на судии и обвинители“ и „Академијата за обука на судии и обвинители,“ од Законот за судскиот буџет („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2003, 37/2006, 103/2008 и 145/2010) и член 66 став 1 во делот „преку буџетот на „Судската власт”“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев и други

4. Реферат У. бр. 53/2025

Судот не донесе одлука поради недобиено мнозинство гласови за член 12 алинеја 9 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.199/2023)

Подносител на иницијативата: Таско Атанасов

5.Реферат У. бр. 57/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за семејството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2023).

Подносител на иницијативата: Драган Лазаров, адвокат

6.Реферат У. бр. 59/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 2 во делот „на самостоен орган на државна управа” од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија” бр.21/2009, 24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015, 53/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.31/2020 и 86/2025)

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

7. Реферат УЗ бр. 35/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Деталниот Урбанистички план за локалитет Горно Лисиче, Урбана единица Е, донесена од Советот на Општина Аеродром-Скопје бр.07-2972 од 28.07.2010 година.

Подносител на иницијативата: Злате Левковски преку полномошник Трајче Арсов, адвокат

8. Реферат УЗ бр. 10/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за промена на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена од Советот на Општина Тетово под бр.07-766/4 од 24.04.2007 година, објавена во „Службен гласник на Општина Тетово” бр.25/2007 од 26.04.2007 година.

Подносител на иницијативата: Општинска организација на сојуз на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1.У.бр.161/2023

Судот го укина член 40 став 2 алинеја 4 од Статутот на Општина Сопиште бр.01-2845/3 од 02.07.2007 година.

Подносител на иницијативата: Уставен суд

2. У.бр.30/2024

Судот го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар – Скопје бр.08-4264/1 од 01.10.2020 година.

Подносител на иницијативата: Уставен суд

3. У.бр.267/2024

Судот ги укина член 37 став 4 во делот „Во случај на изрекување дисциплинска мерка – бришење од соодветниот регистар се одзема уверението на сметководителот, односно на овластениот сметководител” и став 8 точка 4 во делот „и одземање на уверение“ и член 41 став 1 во делот „и одземање на уверението“ и став 2 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 173/2022).

Подносител на иницијативата: Новица Наков

4. У.бр.13/2025

Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025). Во сила останува т.н. линеарното зголемување на пензиите. Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката.

Подносители на иницијативата: Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ и Сузана Московска

5.У.бр.5/2025

Судот го укина член 9 став 1 во деловите „во рок од седум дена од денот на правосилноста на“ и „односно од денот на оставување на одлуката од повисокиот суд“ и став 3 во делот „правосилни“ од Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) и ја запре постапката за оценување на уставноста на член 9 став 1 во останатиот дел, став 2 во целост и став 3 во останатиот дел од Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020)

Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова, адвокат