Вработени во службата на Уставниот суд учествуваа на обука за стратешко планирање и управување со човечки ресурси

Вработени од стручната служба на Уставниот суд учестуваа на обука фокусирана на стратешко планирање, управување со човечки ресурси, улога на кадровскиот капацитет и евалуација, поддржана од ЕУ проектот ИПА 3.

Обуката беше насочена кон унапредување на институционалното планирање, подобрување на организациските процеси и зајакнување на системот за оценување и професионален развој на административниот кадар. Посебен акцент беше ставен на практичната примена на алатките за стратешко управување и јасно дефинирање на одговорностите и перформансите.

Како експерти на проектот беа ангажирани Карстен Манке, тим лидер на ЕУ проектот, и Пепа Лалева, сениор правен експерт, кои обезбедуваат стручна поддршка во областа на организациски развој, управување со човечки ресурси и воспоставување ефикасни механизми за евалуација.

Вработените од Судот учествуваа во изработка на презентации и интерактивни практични сесии, кратки планови со конкретни насоки за унапредување на одредени аспекти од функционирањето на Судот.

Со оваа активност се дава придонес кон понатамошно јакнење на професионалноста, ефикасноста и институционалниот капацитет на службата во Уставниот суд.


Обуката се одржа на 10 февруари 2026 година во Скопје.