Подносителот во своето барање наведува дека на ден 15.07.2025 година на интернет страницата на Судот било објавено дека во месец мај 2025 година, по поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, оформен е предмет У.бр.66/2025 за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Од тие причини, побара да му биде доставена иницијативата по кој е оформен горенаведениот предмет.