
Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.55/2023
Скопје, 26.11.2025 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска и д-р Ана Павловска-Данева, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 39 алинеја 2 и член 73 алинеја 2 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.115/2024) на седницата одржана на 26 ноември 2025 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 92 став 3 точка 2 во делот „литар” од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.108/2019, 143/2019, 225/2019, 275/2019, 77/2021, 57/2022, 209/2023 и 265/2024) и на член 28 став 1 точка 2 потточка 2.1 од Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија” бр.32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004, 38/2005, 88/2005, 105/2009, 34/2010, 24/2011, 55/2011, 135/2011, 82/2013, 98/2013, 43/2014, 167/2014, 188/2014, 129/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 31/2016, 171/2017 и 120/2018).
Образложение
I
Дејан Стојаноски и Филип Србиноски, двајцата од Скопје, на 09.04.2023 година, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од законите означени во диспозитивот на ова решение.
Според наводите во иницијативата оспорените одредби се спротивни на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
II
Во текот на постапката, подносителите на иницијативата со поднесок, на 24 октомври 2024 година, го известија Судот дека ја повлекуваат иницијативата.
Имајќи го предвид фактот дека поднесената иницијатива е повлечена, а Уставниот суд не најде основ да ја води постапката по сопствена иницијатива, исполнети се условите од член 39 алинеја 2 од Актот на Судот за запирање на постапката.
III
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски