Соопштение по одржаната 27 седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 27. Седница на која дискутираше по 11 предмети во кои се оспорени иницијативи за оценување на уставност и законитост и го одлучи следното: 

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.243/2024

Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство, предметот ќе биде ставен на гласање на наредната седница.

Оспорен акт: член 215 став 6 од Кривичниот законик („Службен весник на  Република Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 48/2001, 4/2002, 16/2002, 43/2003, 19/2004, 40/2004, 81/2005, 50/2006, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 143/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017, 170/2017, 248/2018 и „Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.36/2023 и 188/2023).

Подносител на иницијативата: Васко Рубаноски

2. Реферат У.бр.270/2024

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 18 став 1 од Законот за изменување и дополнување на законот  за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.193/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.5/2025 

Поради отсуство на судијата-известител, предметот ќе биде ставен за разгледување на некоја од наредните седници. 

Оспорен акт: член 9 став 1 во делот „на правосилноста“, член 9 став 2 во делот „на  правосилната“, член 9 став 3 во делот „за правосилни“, член 9 став 4 во делот „без образложение“ од Законот за управување со движењето  на предметите во судовите („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.42/2020).

Подносител на иницијативата: Александра Илиевска-Милчова

4. Реферат У.бр.12/2025

Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство, следствено на ова предметот останува да се гласа на некоја од наредните седници.

Оспорен акт: делот „следува надоместок“ од членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024) и Точка 1 од Одлуката за давање согласност за  присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги  увоз-извоз Боров Дол  ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за  производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41- 12385/7 од 31.12.2024 година („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.2/2025). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.79/2025

Судот не поведе постапка за оценување на  член 172 став 1 во делот „на тендерската документација“ и во делот  „пред објавување на огласот за јавна набавка“ од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2021 и  14/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.103/2025

Судот поведе постапка за оценување на член 29 став 1 точка 4 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен  весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2024 и 160/2025) и не поведе постапка за оценување на член 29 став 5 од истиот Закон. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

7.  Реферат УЗ.бр.1/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за престанување на важење на одлука за прифаќање на  старешините на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на  служба во ЈНА од страна на Република Македонија, донесена од  Владата на Република Македонија на 26.12.2007 година („Службен  весник на Република Македонија“ бр.158/2007).

Подносител на иницијативата: Зоран Салтамарски

8. Реферат У.бр.154/2023

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за поништување на Одлуката за донесување на Регулациски  план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за  четврт С3 19, донесена од Советот на Град Скопје co бр.27-7740/1 од 20.07.2023 година („Службен гласник на Град Скопје“ бр.10/2023).

Подносител на иницијативата: Државен инспекторат за локална самоуправа

9.Реферат У.бр.154/2024

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за донесување на Урбанистички Проект со план за  парцелација на г.п.7.5.2.04 Блок 7-Гевгелија (КП бр.2886/2 КО  Гевгелија), Општина Гевгелија, бр.09-178/1 од 30.01.2023 година, донесена од Советот на Општина Гевгелија („Службен гласник на  Општина Гевгелија“ бр.1/2023).

Подносители: Јован Туртуров 

10. Реферат УЗ.бр.60/2025 и УЗ.бр.61/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на Конечен предлог Детален Урбанистички  План за Блок 25, Урбана Единица VI, VII и VIII зона, КО-Гостивар 1- Општина Гостивар, со површина на опфатот од 15.176 Ха, за плански  период 2019-2029 („Службен гласник на Општина Гостивар бр.9/2025) и Одлука за усвојување на конечен Детален Урбанистички План за  Блок 24, КО Гостивар 1-Општина Гостивар, со површина на опфатот  (26.088 ха), за плански  период 2023-2028 („Службен гласник на  Општина Гостивар бр.9/2025).

Подносители на иницијативата: Министерство за транспорт 

11. Реферат УЗ.бр.15/2025

Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство, следствено на ова предметот останува да се гласа на наредната седница.

Оспорени акти: Член 7 став 2, член 8 став 3 точка 1 алинеи 1 и 2, точка 2 алинеи 1 и  2 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и  снабдувачот во краен случај од 17.11.2023 година и Прилогот 1 на  тарифниот систем каде се одределени коефициентите за определување на цените по пресметковни елементи („Службен  весник на Република Северна Македонија“ бр.246/2023).

Подносител на иницијативата: Борче Ѓузелов