Врз основа на членовите 7, 8 и 17 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/2021 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/2023 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува
JАВЕН ОГЛАС бр. 2/2025
за вработување на неопределено време во Службата
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
1. Советник за стручно-аналитичка работа во Одделот за стручно-аналитичка работа – 1 (еден) извршител
Посебни услови: Правен факултет/правни студии, ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку три години во струката; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Паричен нето износ на основна плата: 47.618,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
• Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. *Уверенијата за општа здравствена способност и дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не треба да се постари од шест месеци сметано од денот на поднесување на пријавата.
• Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време: од 08:00 до 16:00 часот.
• Општи информации за кандидатите: Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Службата на Уставниот суд која може да се преземе од интернет страницата на Судот, објавена во категоријата „Јавност“, поткатегоријата „Објави“ https://ustavensud.mk/archives/35461
Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите може да ги доставaт преку Писарницата на Судот или преку пошта со назнака „за Оглас бр.2/2025“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. „Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000 Скопје.
Рок за пријавување на огласот е заклучно сo 5 декември 2025 година.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Со кандидатите кои аплицирале за работното место ќе биде спроведен стручен испит и интервју. Стручниот испит претставува писмена проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал. Одлуката за избор на кандидатoт ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.