Успешно спроведена крводарителска акција во Уставниот суд

Во Уставниот суд денеска се спроведе успешна крводарителска акција, на иницијатива на вработените во Службата. Досега беа собрани 13 крвни единици.

Со оваа акција, Уставниот суд ја покажува својата солидарност и се приклучува кон апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за важноста на доброволното дарување крв.

Акцијата се реализираше во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија и се организира по втор пат во Уставниот суд. Првата крводарителска акција беше спроведена во април 2025 година по повод 60-годишнината од основањето на Уставниот суд.