Соопштение по одржаната 23. седница на Уставниот суд

Уставниот суд на 12 ноември ја одржа 23. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по пет предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободите и правата. 

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.55/2023

Оспорен: Член 28 став 1 точка 2 подточка 2.1 од Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, …171/2017 и 120/2018) и член 92 став 3 точка 2 во делот „литар“ од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/2019, 143/2019, …57/2022 и 209/2023).

Подносител на иницијативата: Стојаноски Дејан и Србиноски Филип

Предметот беше повлечен од Дневен ред поради отсуство на судијата-известител.  

2. Реферат У.бр.155/2023

Оспорен: член 31 став 1 во делот „кој не може да биде пократок од 25 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.171/2022).

Подносител на иницијативата: Зоран Димовски

Предметот беше повлечен од Дневен ред поради отсуство на судијата-известител.  

3. Реферат У.бр.169/2023

Судот не поведе постапка за оценување на член 18 став 2 од Законот за вештачење („Службен весник на   Република Северна Македонија“ бр.154/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат У.бр.18/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 175 став 6 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2019, 178/2021 и 58/2024).

Подносител на иницијативата: Александар Илиевски

5. Реферат У.бр.68/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 точка 4 алинеи 1, 2, 3, 4 и 5 од Законот за    изменување на Законот за судска служба („Службен весник на   Република Северна Македонија“ бр.235/2022).

Подносител на иницијативата: Горан Тасевски    

6. Реферат У.бр.86/2022

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено      подрачје во категорија V-заштитен предел („Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.286/2021).

Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани „Засегнати сопственици на недвижен имот“ од Берово

7.Реферат УЗ.бр.26/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 во делот „преземени обврски од 2024 година согласно склучени договори“ од Програмата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и    општините во градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2025 и 65/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

II.   БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1.   БЗСП бр.11/2025

Предмет: Право на жалба против поединечни правни акти во прв степен

Подносител на барањето:   Александар Илиевски

Судот го отфрли барањето на Александар Илиевски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесува за заштита на  правото на жалба.

БЗСП бр.12/2025

Подносител на барањето: Aлександар Насковски

Предмет: Заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност, и за заштита на право од работен однос, односно остварување на право како вработен согласно со член 46 став 3 од Законот за работните односи. 

Подносителот на барањето со допис од 12.08.2025 година, го повлече барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, поради што Судот на седница констатираше дека се исполнети условите од член 59 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд за запирање на постапката.