
Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.46/2025
Скопје, 10.09.2025 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска и д-р Ана Павловска-Данева, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 39 алинеја 2 и член 73 алинеја 2 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.115/2024) на седницата одржана на 10 септември 2025 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 160 став 6 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25)
Образложение
I
Ас. д-р сци. Кристина Димитријевиќ од Скопје, на 09.04.2025 година, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 160 став 6 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25).
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорениот член 160 став 6 од Законот е спротивен на член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 9, член 32 ставови 1 и 2 и членовите 44, 50 и 54 од Уставот.
II
Во текот на постапката, подносителот на иницијативата со поднесок, на 15 мај 2025 година, го извести Судот дека ја повлекува поднесената иницијатива.
Имајќи го предвид фактот дека поднесената иницијатива е повлечена, Судот оцени дека се исполнети условите од член 39 алинеја 2 од Актот на Судот, а Судот не најде основ да ја води постапката по сопствена иницијатива.
III
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски