На 15 октомври 2025 година во 9:30 часот во Уставниот суд ќе се одржи 21. седница со Дневен ред за кој се предвидени 8 иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за преиспитување на одлуки на Уставниот суд и едно барање за заштита на слободи и права.
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.95/2023
Оспорен акт: Член 142 став 7 од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006, 145/2007, 21/2008, 88/2008, 159/2008, 23/2009, 76/2009, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 166/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 79/2020, 290/2020, 247/2022 и 3/2025).
Подносител на иницијативата: Владимир Клековски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на инцијативата смета дека со акт на УЈП се одложува, оневозможува и попречува ефикасното извршување на правосилните и извршни судски одлуки и дека со акт на една власт (извршна) директно се влијае на акт на друга власт, во случајот судска власт.
2. Реферат У.бр.95/2023
Оспорен акт: Закон за плата и други надоместоци на избрани и изменувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Социјалистичка Македонија“ бр.36/1990 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1990, 11/1991, 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014, 45/2018 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2023, 65/2023, 51/2024 и 272/2024).
Подносител: Здружение на граѓани ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА за давање на правна помош на дискриминирани лица Виница
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека поради настанување на правна колизија со важечките закони, со оспорениот Закон се повредува принципот на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните како темелна вредност, како и уставната одредба која предвидува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка. Се наведува дека оспорениот закон, донесен во еден друг систем кој бил во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, не коренсподира со сегашните капиталистички односи и самото уредување на државата од причини што од една страна со него се регулираат платата и надоместоците на функционерите во кои спаѓаат повеќе групи, за да потоа има посебен закон за: судовите, јавните обвинители, Претседателот, Собранието, Судскиот Совет, во кои закони треба посебно да се регулираат покрај нивните обврски и нивните права како што е правото на плата и други надоместоци.
3. Реферат У.бр.142/2024
Оспорен акт: Член 2 став 1 точка 62 во делот „Извршниот одбор“ од Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2022 и 64/2024).
Подносител: Игорчо Точев од Скоје
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорениот дел од законската одредба доведува до забуна во однос на надлежностите на Народната банка односно, органите на централната банка . Тој тврди дека се прави забуна во примената на оспорениот дел, што според него е во спротивност со владеењето на правото. Според подносителот, во оспорениот дел од законската одредба се предвидува „извршниот одбор“ на Народната банка, кој орган во Законот за Народната банка не е предвиден.
4. Реферат У.бр.211/2024
Оспорен акт: Член 14 став 1 во делот „мали количини“ и член 29 став 1 алинеја 1 во делот „количества пропишани согласно со членот 14 на овој закон“ од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2006, 89/2008,171/2010, 53/2011, 69/2013, 187/2013, 43/2014, 129/2015, 39/2016, 71/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 и 199/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека во оспорената одредба не се пропишуваат количества на семенски и саден материјал, односно во таа одредба не се пропишуваат ниту параметрите врз основа на кои евентуално би се определило колкав е минимумот или максимумот на количества на семенски и саден материјал. Поради ова подносителот наведува дека е недоволно прецизен и јасен делот „количества пропишани согласно со членот 14 на овој закон” и остава простор за слободно и арбитрерно толкување, а со тоа и создава правна несигурност.
5. Реферат У.бр.241/2024
Оспорен акт: Членовите 1, 2, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2024).
Подносител на иницијативата: Тони Јакимовски
Oд наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорените одредби се во спротивност со членовите 8 став 1 алинеја 3, 51, 52 став 4 и 54 став 1 од Уставот и укажува дека разрешувањето на претседателот и на членовите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишата, пред истеккот на мандатот од 4 години, е напреввено без аргументи и без претходно утврден основ.
6. Реферат У.бр.273/2024 и У.бр.274/2024
Оспорен акт: Член 7 ставови 3 и 4 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/2022 и 168/2024) и Автентично толкување на член 7 ставови 2, 3 и 4 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 168/2024).
Подносители на иницијативата:
(273/2024) Адвокатско друштво Поленак
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со оспорените одредби меѓудругото, се повредува темелната вредност владеење на правото, се врши повреда на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот поради повреда на постапката за донесување на закони. Помеѓу наводите во иницијативата е и ставот на подносителот дека Автентичното толкување е спорно бидејќи не само што не го определува значењето на одредбата од членот 7 од Законот за игрите на среќа и забавните игри, туку со него се врши измена на членот 7 од Законот и се воведени нови елементи, што е во директна спротивност со уставните принципи и начела.
(274/2024)Друштво за произведување интернет игри на среќа „Државна лотарија- Моззарт” ДОО Скопје
Од наводите во иницијативата:
Според подносителот на иницијативата, Автентичното толкување всушност е покритие за неуставна промена на Законот, бидејќи со него во прописот се внесуваат нови правила, односно затскриена правна норма. На овој начин, со донесување на Автентичното толкување е заобиколена законската процедура за донесување на нови општи акти, смета подносителот.
7. Реферат УЗ.бр.8/2025
Оспорен акт: Член 2 и член 3 од Правилникот за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа бр.01-325/1 од 23 јануари 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/2025).
Подносител на барањето: Игорчо Точев
8. Реферат УЗ.бр.70/2025
Оспорен акт: Точки 3. и 10. од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
II. БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИ НА УСТАВНИОТ СУД
1. УЗ.бр.19/2025
Оспорен акт: Одлуки У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024
Подносител на иницијативата: Кузман Цилков
Од наводите во иницијативата:
Подносителот ги оспорува одлуките на Судот од аспект на евентуална повреда на начелото за пресудена работа, за укинување на членовите 2 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи. Се наведува дека укинувањето на оспорените членови не се однесува на пресудите кои се правосилно завршени, во периодот кога Законот за облигациони односи бил во сила, односно на 20 јули 2023 година до 10 октомври 2024 година.
III. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП.бр.5/2025
Подносител на барањето: Лејла Кадриу
Оспорени акти: Решение на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител при вршењето на јавнообвинителската функција при ЈО од 01.02.2022
-Решение на Советот на јавни обвинители од 29.03.2022 година
-Пресуда од 07.03.2022 година на Управен суд
-Пресуда од 20.01.2025 на Виш Управен суд
Подносителката на барањето се жали на повреда на забраната за дискриминација по основ на социјална припадност, односно општествената положба во поглед на професионален статус (согласно член 110 алинеја 3 и член 9 од Уставот).
Подносителката наведува дека е настапена застареност кога била поведена дисциплинската постапка против неа, и тврди дека Решението за дисциплинска постапка треба да биде поведено во рок од 6 месеци по доставување на предлогот за поведување на 19 ноември 2020 година, најдоцна до 19 мај 2020 година,а во случајот Решението е донесено на 4 ноември 2021 година, што таа го оценува како ненавремено. Дополнително, наведува уште два примери на јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство за кои тврди дека за нив постапки не се поведени поради застареност. Правејќи ја таа паралела, подносителката наведува дека е жртва на дискриминација во однос на колегите, вршители на иста професија, но со повисока хиерархиска поставеност.