Делегација од Уставниот суд на Косово во билатерална посета на Уставниот суд на Северна Македонија

Делегација од Уставниот суд на Република Косово, предводена од претседателот Неџми Реџепи, ќе престојува во билатерална посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Посетата ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2025 година во Скопје и согласно предвидената агенда ќе се одржи конференција на тема „Уставна контрола на законите и другите акти (материјални и процедурални аспекти)”, на која ќе се дискутира за современите предизвици и искуства во примената на уставната контрола.

За време на посетата, двата суда ќе потпишат Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за понатамошна институционална соработка, размена на искуства и организирање на идни заеднички активности.

Во рамки на посетата, претставниците на двете делегации ќе остварат средба со претседателката на Република Северна Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова.