Во Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе се промовира нова опрема која ќе се користи за комплетна дигитализација.
Токму со новата опрема, ќе се врши пренос во живо на Youtube каналот на Уставниот суд. На следниот линк обезбеден е превод на македонски јазик.
На линкот кој следува е обезбеден превод на турски јазик:
Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Судот добива современи технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком.
Новите системи овозможуваат:
- Хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема – дел од учесниците присутни во сала, а дел онлајн.
● Симултан превод за сите учесници, со можност преведувачите да бидат во сала или да работат од далечина.
● Безбедна cloud организија со повеќекратна автентикација, интерна комуникација и голем број на алатки кои покрај online состаноци овозможува и чет, аудио и видео повици, заеднички проекти и колаборација. Целосна контрола на пристап.
● Споделување на аудио видео содржини со сите учесници.
● Снимање и архивирање на сите седници и комуникации, автоматски транскрипти.
Можност за „video stream” на различни социјални мрежи и сервери.
● Електронско гласање со целосна архива и аналитика на гласањето.
На промоцијата присуствува делегација од Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот Кадир Озкаја, Махмуд Чевик потпретседател на ТИКА, Шенса Бабајигит координатор на канцеларијата на Тика во Скопје.
Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година.