Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на Универзитетската библиотека при Правниот факултет „Гоце Делчев” во Штип донираше дел од своите авторски трудови, кои претставуваат придонес во областа на правната наука и практика.
Со овој чин, претседателот Костадиновски ја потврди својата лична и професионална посветеност за унапредување на академската заедница, поттикнување на научно-истражувачката работа и овозможување на студентите, професорите и истражувачите полесен пристап до релевантна стручна литература.

